Со своето знаење, трпение и инспиративен пристап, допринесе во со леснотија да се насочам кон изучување на јазикот. Часовите беа забавни и исполнети со позитивна енергија.
Што велат моите студенти за часовите по англиски
Овие рецензии ги напишаа луѓе што имаа часови по англиски со мене. Секоја е објавена токму онака како што е напишана.
Имавте часови со мене? Би сакала да прочитам како Ви поминаа, па оставете ја Вашата рецензија подолу.
Курсот по англиски јазик беше прекрасно и многу корисно искуство за мене. Сакам да изразам искрена благодарност до професорката Евгенија за нејзината професионалност, трпение, посветеност и поддршка во текот на онлајн наставата преку Google Meet.
Професорката Евгенија се истакнува со својот пристап кон учениците, способноста јасно да го пренесува знаењето и желбата секој ученик да напредува и да стекне поголема самодоверба во користењето на англискиот јазик. Нејзините часови беа пријатни, мотивирачки и исполнети со корисни совети и знаења.
Секој час беше како да сум поминала цела психотерапевтска сесија, само на англиски јазик, а тоа е мојот сон. Се чувствував разбрана и добро водена. Научив многу нови зборови, стекнав поголема самодоверба и сфатив дека знам многу повеќе отколку што мислам дека знам.
Часовите ми причинуваа огромно задоволство и едвај ги чекав нашите средби.
Имав слобода да грешам, без притоа да се чувствувам лошо поради тоа. Напротив, учев од грешките, а начинот на кој беа исправани беше феноменален.Ова за мене беше навистина прекрасно искуство.
Ви благодарам за рецензијата! Ќе се појави тука откако ќе ја прочитам.
Оставете рецензија
Ако имавте часови со мене, многу ќе ми значи да слушнам како Ви поминаа.