Skip to content
· Evgenija Jovanova

Колач од кекс без печење со ванила и чоколаден пудинг

Колач со бисквити без печење, со пудинг и банана

Ако не сакате да губите време со печење, а сепак сакате брзо да направите вкусен колач, овој колач од кекс е совршен избор. Без печење, без чекање, а правењето е бргу и лесно!

Порции: 10

Време за подготовка: 40 минути

Вкупно време: 40 минути

Состојки:

  • 200 г кекс
  • 1 ванилов пудинг
  • 1 чоколаден пудинг
  • 1 банана
  • лешници
Колач со бисквити без печење, со пудинг и банана

Подготовка:

  1. Наредете еден ред кекс во тава.
    Намачкајте го ваниловиот пудинг врз кексот и посипете со ситнети лешници.
  2. Додајте уште еден ред кекс, па намачкајте го чоколадниот пудинг. Посипете со лешници и наредете ред парчиња банана.
  3. Додајте трет ред кекс и повторно намачкајте ванилов пудинг. Посипете со какао и додајте уште лешници одозгора.

Пријатно!

Претплати се

Пријавете се со вашата е-пошта за да добивате новости.