Печен компир со зеленчук
Порции: 5
Време за подготовка: 10 минути
Вкупно време: 50 минути

Состојки:
- 6 големи компири (за 4 лица)
- 2 големи моркови
- 2 главички брокула
- 10 големи печурки
- зачини (сол, вегета, кари, куркума, мелен црн пипер, оригано)
- масло

Подготовка:
- Излупете ги и исечкајте ги компирите на коцки. Истото направете го со морковите, брокулата и печурките. Ставете го целиот зеленчук во голем сад. Прелијте со вода и оставете да зоврие.
- Штом ќе зоврие, исцедете ја водата и префрлете го зеленчукот во тава за печење. Зачинете, додајте малку масло и промешајте добро.
- Ставете ја тавата во претходно загреана рерна на 200°C и печете околу еден час.
- Кога ќе биде готово, послужете на чинија и уживајте во вкусовите!
Пријатно!
