МАКАРОНИ - ВКУСНА НАСЛАДА ЗА 10 МИНУТИ
Ако сè уште размислувате што да зготвите, макароните со брокула се совршеното јадење брзо да го задоволите апетитот. Сепак, да не губиме време, знам дека сте гладни. Еве го мојот брз рецепт за вас:
Состојки:
- Макарони - 50 г по лице
- Брокула - 100 г по лице
- Павлака за готвење - ако пакувањето е големо, можете да искористите половина
- Зачини: сол, оригано, мелен црн пипер, кари
- Маслинки и свеж магданос за украсување
Подготовка:
Ставете ги макароните во тенџере со зовриена вода. Штом омекнат, исцедете ги во цедалка и исплакнете ги со ладна вода за да не се лепат.
Додека се варат макароните, земете тава, иситнете ја брокулата, додадете ја павлаката за готвење, зачинете ја и гответе околу 2 минути.
Измешајте ги макароните со сосот, послужете на чинија и додадете маслинки, магданос или сирење по желба.
Побрзајте - вкусната наслада ве чека!
Пријатно!

