Skip to content

Летен појадок со тортиљи

Интегрална тортиља полнета со варено јајце, домат и пиперка, на бела чинија

Лето е, а сакате нешто освежително? Имам токму нешто за Вас. Ајде да искористиме летни состојки и да создадеме незаборавен вкус за кратко време!

Состојки (за 2 порции)

  • Топено сирење
  • 2 тортиљи
  • 4 варени јајца
  • 1 домат
  • 1 пиперка
Летен појадок со тортиљи, јајца и зеленчук

Подготовка

  1. Иситнете ги варените јајца, доматот и пиперката.
  2. Поделете ја смесата рамномерно меѓу двете тортиљи.
  3. Посипете со топено или рендано сирење.
  4. Превиткајте ги тортиљите на половина или завиткајте ги целосно, според Вашата желба.
    Пријатен апетит!