Италијански вкус што ќе ве заведе за миг!
Овој блог повеќе од добро ќе ги задоволи вашите желби! Подгответе се да нурнете во италијанската кујна што ќе ви го отвори апетитот. Што друго би можело да биде, ако не најдобриот италијански вкус? Лазања, се разбира!
Состојки:
- Кори за лазања
- Мелено месо
- Кромид
- Моркови
- Печурки
- Доматен сос
- Сирење
- Зачини: сол, вегета, оригано, црн пипер, чили, куркума
Подготовка:
Прво, земете тава и подгответе го сосот. Иситнете го кромидот и морковите, потоа додадете ги печурките и меленото месо во тавата. Зачинете сè и гответе додека убаво не се соедини и не добие убава боја.
Потоа, додадете го доматниот сос и оставете го да крчка околу 10 минути.
За да ги омекнете корите за лазања, ставете ги една по една во топла вода околу една минута.
Следно, наредете слој кори за лазања во плех и намачкајте го сосот врз нив. Повторете го процесот за да направите уште два слоја. Јас обично правам три слоја, но можете да додадете повеќе ако сакате.
Завршете со слој сос одозгора и ставете го плехот во претходно загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути.
На крајот, послужете на чинија и изрендајте сирење одозгора.
Уживајте во италијанската атмосфера!