Лесни летни јадења: појадок, ручек и десерт
Пеколна горештина е, брзате, и ви снема идеи што да подготвите за појадок, ручек и десерт?
Еве едно мени што можеби ќе ви се допадне - на залак ви оди вода на уста, а лесно е за подготовка.
За појадок: чинија со туна
- Туна во конзерва, исечена на парчиња
- Краставица
- Домат
- Непечени семки од сончоглед
- Парчиња леб

- Ставете ја туната во чинија, исечете ги краставиците, доматите и лебот.
- Додадете сè во чинијата.
- Посипете со семки од сончоглед.
За ручек: чинија со ориз
• три лажици ориз (за две лица)
• 1 филе од стек
• половина тиквичка
• печурки
• доматен сос
Зачини:
сол, вегета, куркума, магданос, оригано, црн пипер

- Исечете го стекот на коцки и ставете го во тава. Оставете го да се пржи околу 15 минути.
- Додадете ги тиквичките и печурките.
- Ставете го оризот во сад и исплакнете го добро.
- Додадете го оризот во смесата.
- Промешајте сè убаво и зачинете ја смесата.
- Додадете го доматниот сос и оставете го да врие околу 15 минути, додека водата не испари и текстурата не стане кремаста.
За десерт: колач со јагоди
• 400 мл грчки јогурт
• 300 г мелени бисквити Плазма
• 300 г јагоди
• Шлаг

- Исечете ги јагодите на ситни коцки и ставете ги во сад за мешање.
- Додадете го грчкиот јогурт и мелените бисквити. Измешајте сè добро додека не добиете рамномерна текстура.
- Префрлете ја смесата на чинија и обликувајте ја како што сакате.
- Украсете ја со шлаг и цели јагоди одозгора.
Пријатно!