Свежа салата од зелена салата и зелка
Пролетта цути, а такви треба да бидат и нашите здрави навики во исхраната. Било за појадок, ручек или вечера, постојано правам салати, а оваа од зелена салата и зелка ми е омилена оваа пролет.
Порции: 2
Време за подготовка: 5 минути
Вкупно време: 5 минути

Состојки:
- половина мала зелка
- 10 листа зелена салата
- маслиново масло
- зачини: сол, вегета, оригано, црн пипер
- сирење
- маслинки
Подготовка:
- Исплакнете ја зелената салата и исечкајте ја.
- Исечкајте ја и зелката.
- Прелијте ја салатата со малку маслиново масло и зачинете со сол и вегета.
- Додајте сирење и маслинки.
- Посипете со оригано и црн пипер.
Пријатно!

