Skip to content
· Evgenija Jovanova

Тортиљи со пилешки стек

Две интегрални тортиљи со пилешко во сос од домати, зелена салата и павлака, на светли чинии на сонце

Ова е едно од моите омилени јадења, особено кога го правам по трчање и кога умирам од глад. Овој оброк веднаш ме исполнува и со енергија и со уживање. Не е некоја филозофија да се направи, а уште поважно е тоа што е преинаку вкусно.

Состојки: (за 2 лица)

  • 1 пилешко филе / пилешки стек
  • 1 морков, 2 тортиљи (овој пат користев интегрални тортиљи)
  • Доматен сос
  • Масло
  • Зачини: сол, вегета, црн пипер, кари, оригано, магданос
  • 2 листа марула
  • Грчки јогурт
Тортиљи со пилешки стек, марула и јогурт

Подготовка:

  1. Земете го пилешкиот стек. Ако бил во замрзнувач, извадете го околу 30 минути пред готвење за да се одмрзне и полесно да се исече на коцки.
  2. Откако ќе го исечете на коцки, прелијте со масло и ставете го во тава да се пржи. По околу 10 минути додадете ги зачините. Потоа додадете го доматниот сос и оставете го да крчка околу 15 минути.
  3. Кога месото е готово, ставете го врз тортиљите. Можете да додадете и марула и грчки јогурт. Ја обожавам оваа комбинација. Можете или да ги завиткате тортиљите или да ги јадете со вилушка од чинија.

Пријатно!

Претплати се

Пријавете се со вашата е-пошта за да добивате новости.