Тортелини со три сирења - вкус што се памети
Ова јадење го пробав во ресторан и вкусот сигурно ми остана в помнење. А кога нешто го паметите точно онакво какво што е, тоа значи дека навистина сте се поврзале со него. Зошто? Затоа што е неповторливо!
Тортелините со три сирења се моето издвоено јадење што сакав да го повторам дома. Се сеќавав на кремастиот сос и на нотата лук, па отидов во супермаркет и ги купив следниве работи:
Порции: 2
Време за подготовка: 2 минути
Вкупно време: 20 минути

Состојки:
- 400 г тортелини со три сирења
- 250 мл павлака за готвење
- лук во прав
Подготовка:
- Ги ставив тортелините во сад и ги оставив да зовријат.
- Вриеја околу 15 минути.
- Во меѓувреме, во тава ја ставив павлаката за готвење и додадов сол, лук во прав, оригано, магдонос и кари. Мешав на шпорет околу 2 минути.
- Ја исцедив водата од тортелините, ги додадов во кремастиот сос и промешав.
Вкусот?
Истиот како од ресторанот!
Пријатно!