Кесадиља со мелено месо - јадењето во кое ќе се вљубите!
Кесадиља, или како? Како да не го засакате ова мексиканско јадење кога вкусот е извонреден, а подготовката нема да ви одземе повеќе од 40 минути од вашето скапоцено време? Ајде да видиме кои состојки ни требаат.

Состојки:
- 4 тортиљи (за 8 парчиња)
- 300 г мелено месо
- 150 г доматен сос
- Зачини: сол, вегета, црн пипер, оригано, магданос
- Жолто сирење (кашкавал или кое било сирење што се топи), рендано
- Краставици, свежи пиперки и маслинки за украсување

Подготовка:
- Ставете го меленото месо во тава со малку масло и пржете го околу 20 минути.
- Штом ќе добие црвеникаво-кафеава боја, додајте ги зачините и доматниот сос. Оставете да крчка уште 20 минути.
- Земете една тортиља и наполнете ја со месниот сос, но внимавајте да не ја пренаполните. Посипете го ренданото сирење одозгора.
- Преклопете ја тортиљата на половина, а потоа исечете ја на помали парчиња.
Можете да уживате во неа со грчки јогурт или свежа салата.
Пријатно!