Печени компири со пршута и јајца
Компирите се секогаш одличен избор за пофин, а сепак едноставен ручек. Кога ќе се спојат со интересни состојки, се претвораат во јадење што делува како од ресторан со ѕвезда, а сепак подготовката воопшто не заморува.
Следува едноставна идеја по која целата куќа ќе мириса прекрасно, домашно. А за вкусот... Па, тоа ќе ви го оставам вие да го откриете!

Порции: 2
Време за подготовка: 10 минути
Вкупно време: 1 час
Состојки:
- 10 млади компири
- 1 кромид
- 1 зелена пиперка
- Маслиново масло
- 2 јајца
- 4 парчиња пршута (или повеќе, ако сакате)
- Зачини: сол, вегета, оригано, куркума
Подготовка:
- Преполовете ги младите компири и ставете ги во тава за печење.
- Исечкајте ги кромидот и зелената пиперка и додајте ги во тавата.
- Прелијте со маслиново масло и додајте ги зачините.
- Покријте со алуминиумска фолија.
- Ставете во рерна на 180°C 50 минути.
- По 50 минути откриете ја тавата и додајте ги јајцата и пршутата.
- Оставете да се пече уште 10 минути.
Пријатно!