Свежа салата од марула и зелка
Пролетта цути, а така треба и нашите навики за здраво јадење. Без разлика дали е за појадок, ручек или вечера, постојано подготвувам салати - а оваа салата од марула и зелка ми е омилена оваа пролет.
Еве како можете да ја подготвите:

Подготовка:
Исплакнете ја марулата и исечете ја.
Исечете ја и зелката.
Прелијте малку маслиново масло врз салатата и зачинете ја со сол и вегета.
Додадете сирење и маслинки.
Посипете со оригано и црн пипер.


Уживајте во свежината!