Едноставни летни чинии: појадок, ручек и десерт
Пеколна горештина е, брзате, а ви снемаа идеи што да подготвите за појадок, ручек и десерт?
Еве едно мени што можеби ќе ви се допадне — на устата ви оди вода, а лесно се подготвува.
За појадок: чинија со туна
Порции: 2
Време за подготовка: 5 минути
Вкупно време: 5 минути
Состојки:
- Туна во конзерва, во парчиња
- Краставица
- Домат
- Непечени семки од сончоглед
- Парчиња леб
Подготовка:
- Ставете ја туната во чинијата, исечкајте ги краставиците, доматите и лебот.
- Додајте сè во чинијата.
- Посипете со семки од сончоглед.

За ручек: чинија со ориз
Порции: 2
Време за подготовка: 20 минути
Вкупно време: 60 минути
Состојки:
• три кутлачи ориз
• 1 филе од стек
• половина тиквичка
• печурки
• сос од домати
Зачини:
сол, вегета, куркума, магдонос, оригано, црн пипер
Подготовка:
- Исечкајте го стекот на коцки и ставете го во тава. Оставете да се пржи околу 15 минути.
- Додајте ги тиквичките и печурките.
- Ставете го оризот во сад и исплакнете го добро.
- Додајте го оризот во смесата.
- Промешајте убаво сè и зачинете ја смесата.
- Додајте го сосот од домати и оставете да врие околу 15 минути, додека водата не испари и текстурата не стане кремаста.

За десерт: колач со јагоди
Порции: 10
Време за подготовка: 5 минути
Вкупно време: 5 минути
Состојки:
• 400 мл грчки јогурт
• 300 г мелени плазма кекси
• 300 г јагоди
• Шлаг
Подготовка:
- Исечкајте ги јагодите на ситни коцки и ставете ги во сад за мешање.
- Додајте го грчкиот јогурт и мелените кекси. Промешајте сè добро додека не добиете рамномерна текстура.
- Префрлете ја смесата на чинија и обликувајте ја како сакате.
- Украсете со шлаг и цели јагоди одозгора.
Пријатно!
