Здрав и хранлив појадок за 3 минути
Ако барате здрав појадок и ги обожавате овесните снегулки и јаткастите плодови, оваа идеја е совршена за вас. Се подготвува за само 3 минути и ќе ве држи сити најмалку 4 часа, бидејќи е многу хранлив.
Ова не е само една фиксна комбинација - можете да додадете какви било јаткасти плодови и овошја што ги имате дома. Еве како го подготвив:
Состојки:
- Грчки јогурт
- Овесни снегулки
- Банана
- Мед
- Бадеми
- Крекери со ленено семе
- Печени обложени кикиритки (ги пробав, но не би ги додала повторно бидејќи се прилично солени)

Подготовка:
Исечете ја бананата, додадете онолку овесни снегулки колку што сакате, а потоа додадете го грчкиот јогурт. Прелијте со мед и ставете ги јаткастите плодови одозгора.
Да, толку е лесно!
Пријатно!